Hatice Kesgin
06 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
СИРТ (АА) - Безбедносните сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во турската југоисточна покраина Сирт, соопштија денес воени извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата била спроведена во Ерух, рурална област на покраината, изјави изворот кој сакаше да остане анонимен.
Денеска беа погребани двајца загинати припадници на локалните безбедносни единици во источната турска покраина Ван.
Двајцата припадници на локалните безбедносни единици беа убиени во неделата, од страна на терористите на ПКК.
ПКК е на листата на терористички организации на Турција, САД и на ЕУ. Таа ја продолжи својата 30-годишна оружена кампања против турската држава во јули 2015 година.
Оттогаш, животот го загубија блиску 600 припадници на безбедносните сили, а над 7.000 терористи беа неутрализирани во операциите низ Турција и во северен Ирак.