Mücahid Eker
06 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – За да покаже дека производството во Турција продолжува во континуитет, без прекин, по обидот за државен удар од 15 jули, Групацијата Елван во Истанбул донесе 150 партнери од 50 држави, јавува Anadolu Agency (AA).
Групацијата Елван направи важен чекор за решавање на дилемите околу извозот на производи од Турција, кои настанаа по обидот за државен удар од страна на ФЕТО на 15 јули. Тaa за оваа цел покани 150 бизнис партнери од 50 држави и ги пречека во Истанбул. На состанокот на тема „Заедно до врвот“, на странските бизнисмени им беше упатена пораката дека во Турција процесот на производство се одвива непрекинато.
Индискиот сопственик на фирмата „К.К Интерсвит“, Раж Баид Кумар, кој беше присутен на состанокот, меѓу останаото рече дека бизнисот меѓу Турција и Индија секојдневно расте и дека тие дури и имаат направено заедничка инвестиција во Индија.
Нагласувајќи дека неуспешниот обид за државен удар е голема шанса за заедничките бизнис партнерски инвестиции, Кумар додаде дека ѝ веруваат на турската економија и дека нивните планови се во таа насока.
Раководителот на АГ „Глобал“ од Нигерија, Ибех Хенри Чинагором, пак, изјави дека во последните години, благодарение на континуитетот на турската економија и правилните инвестиции, нивниот бизнис е подобрен.
Чинагором нагласи дека имаат за цел да ги протнат турските производи во секој дом од 180 милионската Нигерија и додаде: „Да беше успешен државниот удар, плановите можеа да ни се расипат. Фала му на Бога, со доверба и континуитет ќе продолжиме кон остварување на нашите цели“.
- „Направивме бизнис дипломатија“ -
Ли Жинхван, сопственик на фирмата „Ј2Кореа“ од Јужна Кореа, рече: „Започнавме да земаме производи од Турција минатата година. На овој начин ја запознавме подобро Турција и турскиот народ и ги засакавме. Се зголеми бројот на производи што ги земаме од тука. Кога ја добивме веста за обидот за државен удар, на почетокот бевме во дилема. Меѓутоа, со нашето доаѓање ја утврдивме и ја обновивме нашата доверба кон Турција. Сега продолжуваме со повисоки цели на нашиот пат“.
Претседателот на Групацијата Елван, Хидајет Кадироглу, пак, привлече внимание на преиспитувањето на ’одразот на вонредната состојба на обврските за производство и испорака’ и им објасни на партнерите дека вонредната состојба е во насока на забрзување на државните функции. Тој посочи на релаксираноста на деловните партнери по разговорот.
Кадироглу нагласи дека и покрај проблематичната ситуација со која се соочува Турција, отворањето на мостот „Јавуз Султан Селим“ и вакви слични проекти, влијаеше на целиот свет.
„Некои од нашите клиенти сакаа да го доживеат искуството, да поминат преку мостот. По зголемениот број на заинтересирани, организиравме тура низ Босфорот. Со туризам преку мостот направивме бизнис дипломатија“.