Huseyin Karatepe
06 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за земјоделство, сточарство и прехрана, Фарук Челик, изјави дека во рамките на истрагата по обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО, во неговото министерство се суспендирани 733 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Челик беше гостин на денешниот уреднички колегиум на АА во Анкара, каде што одговараше на прашањата на новинарите и уредниците на АА од сите делови на светот, при што се осврна на актуелните случувања.
Зборувајќи за истрагата што е отворена по обидот на терористичката организација ФЕТО за државен удар, Челик истакна дека во рамките на неговото министерство се суспендирани 733 лица.
„Суспендирани се 733 лица, најмалку 458-мина се оддалечени од своите функции бидејќи во тек е истрагата“, изјави Челик.
Тој нагласи дека терористичките организации ФЕТО, ПКК, ПЈД и ДАЕШ дејствуваат со една заедничка цел, и дека претставуваат марионети на оние што имаат за цел да ги спроведат своите намери на подрачјето на Турција