Fatma Bülbül
06 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Безбедносни извори соопштија дека турските воени авиони денес погодија 12 позиции на ПКК во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили погодија четири цели во регионот Метина, во северниот дел на Ирак, и во Чукурџа, подрачје во југоисточната турска покраина Хакќари, соопшти изворот кој сакаше да остане анонимен.
Турските воени авиони го бомбардираа регионот Метина меѓу 22:48 и 22:55 часот по локално време, и ги уништија позициите на терористите.
Авионите исто така изведоа напади врз осум позиции на ПКК во ирачкиот регион Хакурк.
Според изворот, турските воени авиони го бомбардирале регионот Хакурк меѓу 10:29 и 00:53 часот по локално време и ги уништиле идентификуваните цели.
ПКК е на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ. Таа ја продолжи својата 30-годишна оружена кампања против турската држава во јули 2015 година.
Оттогаш, животот го изгубија блиску 600 припадници на безбедносните сили, а над 7.000 терористи беа неутрализирани во операциите низ Турција и во северен Ирак.