Alper Eral
06 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
ТЕКИРДАГ (АА) – Kако резултат на сообраќајна несреќа што се случи при судар на туристички автобус со камион во местото Малкара, во Текирдаг, едно лице го загуби животот, додека 38 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите, туристичкиот автобус со регистарска табличка СК – 9855 – АГ бил управуван од лицето Зоран Момироски (50). Тој во месноста Малкара, кај локалитетот Јајлаѓоне удрил со предниот дел од автобусот во задниот дел од камионот со регистарска табличка 35 ВПК 38, со кој управувало лицето Догукан Јилмаз (28).
Во несреќата животот го загубил 45-годишниот туристички патник од Македонија, Никола Михов, а 38 туристи се повредени.
На едно лице, Грогори Ончев, нозете му биле приклештени и откинати за време на несреќата, а со помош на противпожарните екипи во рок од 30 минути бил спасен.
Грогори и другите повредени со екипите за брза помош биле пренесени до државните медицински центри во Малкара и во Кешан.