Jeyhun Aliyev
30 Октомври 2021•Ажурирај: 01 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Турција од 2011 година има депортирано вкупно 8.585 терористи од 102 националности, како дел од напорите за осигурување на безбедноста во земјата и преку нејзините граници, објави денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Министерството наведува дека терористите ги напуштиле своите матични земји за да се приклучат во редовите на терористичките организации како што се ДЕАШ или ПЈД/ПКК.
Околу 44 американски државјани и 1.075 државјани на земји членки на ЕУ се депортирани во изминатата декада.
Како дел од борбата на Турција против тероризмот, во 2019 година беа депортирани 126 терористи од 12 земји на ЕУ, минатата година се депортирани 95 терористи од осум земји на ЕУ, додека досега, оваа година, депортирани се 61 терорист.
„Депортираните во матичните земји во последните три години се главно од Франција, Германија, Холандија, Белгија, Финска, Шведска, Романија и Велика Британија“, се додава во соопштението.
Во 2013 година, Турција стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Терористите на ДЕАШ изведоа повеќе напади во Турција во кои животот го загубија 315 лица, а стотици беа повредени, и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади.
Како одговор на тоа, Турција започна воени и полициски операции во државата и во странство за да спречи понатамошни напади.
Од друга страна, во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.