Uğur İslamoğlu,Halil Demir
31 Октомври 2021•Ажурирај: 01 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку две лица за кои постои сомнение дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ се приведени во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Антитерористичките полициски тимови во метрополата Истанбул започнаа операција за фаќање на осомничените за кои се смета дека се вклучени во групи кои имаат намера да извршат терористички акти во име на терористичката организација ДЕАШ во Турција.
Двајцата осомничени - идентификувани како Дијар К. и Ердал С. - кои сакале да спроведат вооружен терористички акт на места за богослужба, државни институции и врз безбедносните сили, беа фатени во истанбулската населба Газиосманпаша.
По распитот во полициската станица, осомничените се упатени во судот и се уапсени со судска наредба.
Во 2013 година, Турција стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Терористите на ДЕАШ изведоа повеќе напади во Турција во кои животот го загубија 315 лица, а стотици беа повредени, и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади.
Како одговор на тоа, Турција започна воени и полициски операции во државата и во странство за да спречи понатамошни напади.