Büşra Nur Çakmak
07 Јуни 2021•Ажурирај: 08 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот и францускиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и Жан-Ив Ле Дриан денес во Париз дискутираа за мултидимензионалните односи и за регионални и меѓународни прашања, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Со мојот француски колега Жан-Ив Ле Дриан разговаравме за нашите мултидимензионални односи и регионалните и меѓународни прашања“, напиша Чавушоглу на Твитер по средбата.
„Имаме за цел да ги зајакнеме нашите односи со Франција врз основа на меѓусебна почит“, додаде тој, на вториот ден од дводневната посета на Франција, на покана на Ле Дриан.
„Турција и Франција се две пријателски и сојузнички земји, и така ќе останат така. Ние мора да се осигураме дека никакво недоразбирање нема да го наруши овој однос на пријателство, за кој сме искрено приврзани“, вели Чавушоглу во оп-ед написот објавен вчера во францускиот дневен весник „Л'Опинион“ (L’Opinion).
Во врска со неодамнешните тензии помеѓу Анкара и Париз, Чавушоглу истакна дека тоа е невообичаено за две сојузнички земји.
Нагласи дека неодамнешните контакти меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон пружиле можност за подобрување на односите.
Турскиот министер потенцира дека неговата посета на Париз ја одразува оваа заедничка волја.