Emel Öz
09 Јуни 2021•Ажурирај: 10 Јуни 2021
АНКАРА
Портпаролот на Министерството за одбрана на САД (Пентагон), Џон Кирби, истакна дека треба да се разговара со турските власти за понудата на Турција за обезбедување на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на „Гласот на Америка“ (Voice of America), портпаролот Кирби одговорил на прашањето на новинарите во врска со понудата на Турција за обезбедување на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, откако трупите на НАТО ќе се повлечат од Авганистан.
„Колку што знам, сè уште не е донесена конечна одлука за тоа како точно ќе се осигури безбедноста на аеродромот, кој ќе го стори тоа и во кој контекст“, рече Кирби.
Истакнувајќи дека не знае дали за ова прашање ќе се дискутира на самитот на НАТО, Кирби додаде дека треба да се водат разговори и со турските власти во врска со плановите на Турција за обезбедување на безбедноста на Аеродромот „Хамид Карзаи“.