Gökhan Zobar
26 Октомври 2021•Ажурирај: 27 Октомври 2021
ЕДРЕНЕ (АА) - Француски инженер, кој замина на светска турнеја со електричен велосипед, по Турција ќе ги обиколи Блискиот Исток и Африка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кино Ивс (36) пред 3 месеци дал отказ од работното место поради страста кон велосипедизмот и почнал да патува низ Европа.
Ивс како дел од светската турнеја, минувајќи го граничниот премин Капикуле, пристигна во Турција.
Во изјавата за АА Ивс истакна дека патувањето со велосипед е начин на живот, поради што ја напуштил работата и тргнал на долго патување.

Тој додаде дека планира во Турција да остане три месеци и дека претходно го посетил крајбрежјето на Егејското Море.
Истакнувајќи дека негова примарна цел во патувањето низ светот е да стигне до Кејптаун, главниот град на Јужна Африка, Ивс вели:
„Претходно не можев да патувам долго време поради мојата работа. Бидејќи многу сакам да патувам, решив да одам на едно поинакво патување со мојот интересен електричен велосипед. Сакам да патувам низ Турција, Блискиот Исток и Африка. Моите патувања ги споделувам преку социјалните мрежи. Планирам во Турција да останам околу три месеци. Во земјата влегов од Едрене. Оттука најпрвин ќе одам во Истанбул. Потоа ќе ја посетам Коња. Откако ќе стигнам во Газиантеп, ќе одлучам по кој пат ќе продолжам. Мојата цел е преку Египет да стигнам до Африка и таму да патувам до Кејптаун.“
Наведувајќи дека на велосипедот ја носи целата опрема потребна за патувањето, Ивс рече: „Целата опрема ми е на мојот велосипед. Понекогаш вечерта ја поминувам во мојот шатор, а понекогаш во хотели. Велосипедот е прилично удобен за мене.“