Zuhal Demirci
15 Септември 2017•Ажурирај: 16 Септември 2017
АНКАРА (AA) - Од турското Министерство за надворешни работи се порачува дека Турција во текот на преговорите во Астана, за формирање зона без судири во Идлиб, како земја-гарант на опозицијата, земајќи ги предвид ставовите на опозициските групи на теренот, одигра решавачка улуга за постигнување на договорот, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај тоа, набљудувачи од Турција, Русија и од Иран ќе бидат распоредени во зоната без судири во сирискиот Идлиб.
Страните-учеснички во мировните преговори во Сирија денес постигнаа договор за границите на зоната без судири на подрачјето на Идлиб.