Saadet Firdevs Aparı
19 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
ЛОС АНЏЕЛЕС
Судот во Лос Анџелес, САД, го одобри барањето на светски познатиот рапер, продуцент и моден дизајнер Кање Омари Вест да го смени името во само „Је“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во судските документи, судијката Мишел Вилијамс наведува: „Барањето за промена на името е одобрена бидејќи немаше приговор.“
Раперот, кој на своите сметки на социјалните мрежи со години се промовираше како „Је“, поднесе барање за промена на името во 2018 година.
„Јас сум официјално познат како Кање Вест. Јас сум Је“, напиша на Твитер познатиот рапер.
Познатиот пејач, исто така, својот албум во 2018 година го именуваше како „Је“.
Во своите интервјуа, тој нагласи дека „Је“ е кратенка од неговото прво име кое го сака, и е збор што често се користи во Библијата.