политика

Столтенберг: „Во јули одлука за покана на Македонија, приемот ќе зависи од референдумот“

„Очекувам шефовите на држави и влади да се договорат за пристапни преговори, потоа ќе можеме да ја поканиме ПЈР Македонија да стане полноправна членка доколку Договорот се финализира...“

Ivana Ramadanova  | 25.06.2018 - Обновена : 26.06.2018
Столтенберг: „Во јули одлука за покана на Македонија, приемот ќе зависи од референдумот“

Skopje
СКОПЈЕ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенеберг, денеска изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправо членство на Македонија во НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).

Столтенберг очекува да биде постигната согласност за тоа Македонија да биде поканета за полноправно членство и да почнат пристапните преговори, но приемот на земјата ќе зависи од епилогот на Договорот со Грција односно неговото прифаќање на референдум.

„Очекувам шефовите на држави и влади да се договорат за пристапни преговори, потоа ќе можеме да ја поканиме ПЈР Македонија да стане полноправна членка доколку Договорот се финализира. Финализирање значи целосна ратификација, референдум и позитивно гласање, ако тоа се случи, оптимист сум“, повтори Столтенберг.

Столтенберг рече дека доколку Договорот за името не помине на референдум, тешко дека Македонија ќе добие покана за НАТО.
„Ако ПЈРМ го имплементира и финализира Договорот со позитивно гласање, тогаш НАТО ќе ја покани земјата да стане полноправна членка. Ова е историски Договор кој ѝ дава историска прилика на ПЈРМ да стане членка, и ги повикувам луѓето во земјата да ја зграпчат оваа прилика и да го поддржат Договорот. Ако не се поддржи Договорот, не гледам како е можно да биде поканета земјата. Ова е единствена прилика и треба да се зграпчи“, рече Столтенберг.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.