политика

Сенатот на САД го одобри пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО

Сенатот гласаше 95 против 1 за поддршка на ратификацијата на пристапните документи на двете земји, надминувајќи го двотретинското мнозинство од 67 гласа потребни за ратификација

Vakkas Doğantekin  | 04.08.2022 - Обновена : 05.08.2022
Сенатот на САД го одобри пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО

Ankara

Сенатот на САД го одобри пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО, до кое доаѓа по руската инвазија врз Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Сенатот гласаше 95 против 1 за поддршка на ратификацијата на пристапните документи на двете земји, надминувајќи го двотретинското мнозинство од 67 гласа потребни за ратификација.

Сенаторот Џош Хејли беше единствениот Републиканец кој се спротивстави на резолуцијата откако неодамна тврдеше дека приоритет на САД треба да биде задржување на Кина, а не проширување на НАТО.

„Не можеме да го зајакнеме нашето одвраќање во Пацификот со испраќање повеќе сили и ресурси во Европа за да ги одбраниме новите сојузници. Тоа е суштината“, рече Хејли пред гласањето.

Шведска и Финска во мај формално поднесоа барање за пристапување во НАТО, што е одлука поттикната од руската војна против Украина.

Сепак, Туркије, долгогодишна членка на Алијансата, изрази приговори за нивните кандидатури за членство, критикувајќи ги земјите дека толерираат, па дури и ги поддржуваат терористичките организации.

Двете земји беа официјално поканети да се приклучат на НАТО откако Турција го укина ветото за нивното зачленување по потпишувањето на трилатералниот Меморандум на 28 јуни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın