свет

Лидерите на НАТО се согласија за издвојување на 5 % од БДП за одбраната до 2035 година

Во декларацијата од самитот на НАТО се наведува дека самитот на алијансата во 2026 година ќе се одржи во Турција.

Selen Valente Rasquinho, İbrahim Hamdi Hacıcaferoğlu  | 25.06.2025 - Обновена : 26.06.2025
Лидерите на НАТО се согласија за издвојување на 5 % од БДП за одбраната до 2035 година

ХАГ (АА) - Лидерите на НАТО се согласија да го зголемат уделот што го издвојуваат за одбраната на 5 % од нивниот бруто-домашен производ (БДП) до 2035 година, јавува Анадолу.

Според декларацијата од самитот, лидерите на 32 земји ја повторија својата посветеност на член 5 на НАТО, кој обврзува на колективна одбрана.

„Соочени со длабоки безбедносни закани и предизвици, првенствено долгорочната закана од Русија за евроатлантската безбедност и тековната закана од тероризам, сојузниците, со цел да ги исполнат нашите индивидуални и колективни обврски според член 3 од Вашингтонскиот договор, обединети се во својата посветеност да трошат 5 % од својот годишен БДП за основни одбранбени потреби, како и за трошоци поврзани со одбраната и безбедноста до 2035 година“, се истакнува во декларацијата.

Во декларацијата, во која се наведува дека целта за трошење од 5 % ќе вклучува две основни инвестиции во одбраната, се забележува дека сојузниците се обврзале да издвојат најмалку 3,5 проценти од својот БДП за исполнување на основни одбранбени потреби и цели за капацитетите на НАТО.

Се истакнува дека е договорено преостанатите 1,5 % од расходите да бидат наменети за инвестиции, како што се „заштита на критична инфраструктура, обезбедување цивилна подготвеност и издржливост и зајакнување на темелите на одбранбената индустрија“.

Во соопштението се истакнува дека трошоците ќе бидат разгледани во 2029 година, повторувајќи ја посветеноста да се обезбеди поддршка за Украина, при што се додава дека и придонесите за одбраната на Украина ќе бидат вклучени при пресметувањето на трошоците за одбрана на сојузниците.

Нагласувајќи ја решеноста за брзо проширување на трансатлантската соработка во одбранбената индустрија, во соопштението се наведува:

„Ќе работиме на елиминирање на бариерите за трговија во одбраната меѓу нас и ќе ги користиме нашите партнерства за промовирање на соработката во одбранбената индустрија“.

Беше и најавено дека самитот на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın