Admir Fazlagic
12 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
СКОПЈЕ (АА) - Посредникот на Обединетите нации во разговорите за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц го поздрави заедничко прифатеното решение што го постигнаа премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Медијаторот Нимиц упати честитки за успешното завршување на преговорите за разликите кои постоеја меѓу Македонија и Грција.
„Не се сомневам дека договорот ке доведе до зајакнување на односите мегу двете соседни земји, а особено мегу нивните граѓани. Во тој контекст охрабрен сум од решеноста на двете влади да придонесат за добробит на нивните грагани преку воспоставување стратегиско партерство како база за интензивна соработка во сите области", вели Нимиц во пишаната изјава.
Истакнува дека му било чест да посредува мегу двете земји И изразува благорарност и до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и до неговиот претходник на местото посредник во разговорите за името Сајрус Венс.
„Пред се сакам да им заблагодарам и да им честитам на двајцата министри за надворешни работи Димитров и Коѕијас кои демонстрираа лидерство, визија и решеност во преговорачкиот процес и не се откажаа од напорите да се најде заеднички корисно решение за нивните нации и за целиот регион", истакнува Нимиц во пишаната изјава.
Потсетуваме, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, вечервва одржа прес-конференција на која информираше дека Република Северна Македонија е постигнатото решение за спорот околу името со Грција.
„Нашиот влог во компромисот е дефинирање на прецизирано македонско име за нашата држава. Име кое е достоинствено и географски прецизно, Република Северна Македонија, со превод на сите јазици. Името е предвидено да биде за севкупна употреба а ќе се прецизира со амандман во Уставот", истакна Заев.