Behlül Çetinkaya
25 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во Анкара се состана со поранешниот претседател на Северна Македонија, Ѓорѓе Иванов, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу ја потврди информацијата преку објава на Твитер.
„Нашиот денешен прв гостин беше нашиот пријател Ѓорѓе Иванов, поранешен претседател на Северна Македонија. Ќе продолжи нашата поддршка за Северна Македонија“, напиша шефот на турската дипломатија.