Турција

Турција: Во Истанбул запленети 285 килограми хероин

Тимови на Одделот за борба против трговија со наркотици во Истанбул започнаа истрага врз основа на дојава дека мрежа, поврзана со странство, ќе стави во промет дрога во Турција

Halil Demir  | 25.10.2021 - Обновена : 26.10.2021
Турција: Во Истанбул запленети 285 килограми хероин

ИСТАНБУЛ (АА) - Во акција во Истанбул, Турција, организирана против криумчарење на наркотици запленети се 285 килограми хероин, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тимови на Одделот за борба против трговија со наркотици во Истанбул започнаа истрага врз основа на дојава дека мрежа, поврзана со странство, ќе стави во промет дрога во Турција.

Во рамки на акцијата организирана на 23 октомври на две адреси во Есенјурт и Шишли во Истанбул приведени се три лица.

При претресот запленети се 285 килограми хероин.

Приведените лица по процесуирањето се предадени на судот и одредено е нивно задржување во притвор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.