Duygu Yener
12 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 149.102, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 41.013 тестирања за Ковид-19, од кои 1.195 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 15 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.242 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 2.541.903 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 175.218 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.778 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 664 лица, 282 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 149.102 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Денес се откриени 1.195 случаи. Бројот на пациенти кои се уште не се излекувани изнесува околу 25.000. Растот во бројот на лицата кои се наоѓаат на интензивна нега и на интубирани пациенти, е на границата на очекуваниот раст. Ширењето на вирусот е предизвикано од погрешниот оптимизам. Да ги почитуваме мерките за хигиена, дистанца и носењето маски“, напиша Коџа.