Ekip
12 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа се потврдени 56 нови смртни случаи поврзани со коронавирусот (Ковид-19), а регистрирани се 163 новозаразени лица со овој вирус, што е голем пад во однос на вчерашните 379, соопшти Цивилната заштита, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Денешните бројки кои ги објави Цивилната заштита на Италија покажуваат дека епидемиолошката ситуација во Италија се подобрува. Со новите 163 случаи на заразување вкупната бројка на досега заразените со Ковид-19 порасна на 236.305. Во однос на вчерашниот ден, кога починаа 53 лица, во последните 24 часа дојде до благ пораст, бидејќи се потврдени 56 нови смртни случаи, со што вкупната бројка на починати достигна 34.223.
Од Цивилната заштита наведуваат дека моментално има 28.997 активни случаи со Ковид-19, што е намалување од 1.640 пациенти во однос на претходниот ден. Меѓу моментално заразените 277 лица се лекуваат на интензивна нега, 3.897 лица се хоспитализирани со симптоми, а 264.877 се во изолација без или со благи симптоми.
Вкупната бројка на оздравени порасна на 173.085, откако во последните 24 часа од болниците се отпуштени 1.747 лица.