Mümin Altaş
12 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
АНКАРА
Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се вели дека Акар и Столтенберг разговараа за регионални прашања, пред се за Сирија и Либија, како и за НАТО.