Islam Doğru
12 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 900 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 116.063 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 23.135 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата изнесува 2.060.542.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 900 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 116.063.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 805.649 откриени случаи, Русија со 511.423 откриени случаи, и Индија со 300.821 откриен случај.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Калифорнија.
Во Њујорк откриени се над 402.000 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 30.741 лице.
Во САД досега се направени се над 23 милиони тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 816.000.