ВАШИНГТОН
Американскиот аналитичар и поранешен разузнавачки офицер, Џек Пособиек, истакна дека радикалното левичарско движење Антифа се обидува да формира свој анархо-комунистички систем во северниот дел на Сирија со терористичката организација ЈПГ/ПКК, упатувајќи апел Турција и Соединетите Американски Држави (САД) да соработуваат во оваа насока.
Како во САД така и во Турција се водат дебати околу радикалната левичарска организација Антифа која привлече внимание со тоа што употребуваше насилство за време на демонстрациите организирани во САД по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд кој почина како резултат на полициско насилство.
Десничарксиот активист Пособиек порано работел како разузнавачки офицер во воената разузнавачка служба, и е силен поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој е меѓу првите имиња кои во американските медиуми ја актуелизираше врската меѓу Антифа и ЈПГ/ПКК.
Пособиек во изјава за новинарот на Агенција Анадолија (АА) разговараше за тоа како се појави Антифа, и околу поврзаноста меѓу Антифа и ЈПГ/ПКК.
- „Антифа ги злоупотребуваше мировните демонстрации“
Пособиек се осврна на насилните настани за време на протестите во САД, истакнувајќи дека групите како Антифа ги злоупотребија мировните демонстрации за нивни цели.
Според него, Антифа е формирана од страна на Советскиот Сојуз, и првин е извезена кон Европа, а од таму потоа кон Америка.
„Обновувањето на Антифа (во САД) се протега до 90-тите години, односно во процесот наречен 'Битка на Сиетл' во 1999 година. Во тој период Светската трговска организација (СТО) имаше една активност во Сиетл, во чии рамки се собраа за да ја вклучат Кина во СТО. За прв пат тогаш ги видовме насилните настани организирани од страна на Антифа. Потоа, бевме сведоци на насилството на оваа организација за време на движењата наречени „Окупирај го Вол Стрит“ ", рече тој.
Пособиек истакна дека оваа организација кон средината на 2010-тите години ја искористила можноста на граѓанската војна во Сирија, и се позиционирала во оваа земја, каде, според него, добила обука од терористичките оргаизации кои се наоѓаат во Сирија, и војувала во редовите на овие терористички организации.
Тој рече дека членовите на оваа организација извесно време престојувале во Сирија, а потоа се вратиле во повеќе места како во Германија, Грција, Австралија и Америка.
„Нешто што научивме за борбата против тероризмот додека бев вработен во американскат Војска е: опасноста во врска со овие лица, обуката со која се стекнале во бојното поле и пренесувањето на нивното воено искуство на членовите на терористичките организации во земјите во кои се наоѓаат“, додаде тој.
Пособиек нагласи дека Антифа не се совпаѓа со ниту една страна во политичката сцена во САД, и рече: „Целта на оваа организација е да ја сруши владата и системот на САД, и на нивно место да ги формира своите анархо-комунистички системи“.
Според него, Антифа порано била ограничена со универзитетските кампуси во САД, додека оваа организација собира милитанти во повеќе области, и затоа оваа организација стана уште поголема закана за САД.
- „Во Сирија сакаат да формираат анархо-комунистички комунални системи“
Запрашан како американската војска ја игнорирала соработката меѓу Антифа и терористичката организација ЈПГ/ПКК, Посибиек тврди дека додека САД во Сирија први соработувале со опозицијата, а потоа со ЈПГ/ПКК, не претпоставувале дека ќе ја обучуваат една група која претставува закана и за САД.
Тој нагласи дека голем број лица, меѓу кои членови на Антифа како и поранешни војници, во Сирија патувале со дозволата издадена од страна на американската војска.
Посибиек говореше и за соработката на ЈПГ/ПКК со Антифа во таканарачената автономна зона која ЈПГ/ПКК сакала да ја формира во северниот дел на Сирија, и рече:
„Тоа го нарекуваат како Рожава Револуција. Дури, во литературата на Антифа, тоа се нарекува како „Рожава Револуција на Антифа“. Тоа наликуваат како граѓанската војна во Шпанија. Исто и таму имаше еден мотив против фашистите, како антифашистичка комунистичка борба. Тоа што сакаат да го направат таму (во североисточниот дел на Сирија) е да ги формираат своите анарко-комунистичките комунални системи. Западњаците кои загинаа во таа зона на границата со Ирак, се сметаат за шехиди не само од страна на групите кои се наоѓаат таму, туку и од страна на организациите на Антифа на Запад. Тие ги посветуваат и почитуваат. Тие ги сметаат за лица кои го жртвуваат себеси за целите кои сакаат да ги постигнат таму“.
- „Турција и САД треба да соработуваат“
Запрашан во врска со тоа „дали е ироничен фактот дека соработката на Антифа со ЈПГ/ПКК на некој начин е постигната со рацете на САД?“, Пособиек одговори: „Не сметам дека е толку иронично. Како што реков, се работи за последици кои САД немале намера да ги направат. Сигурен сум дека американската војска нема цел да ги обучува американските комунисти“.
„(Антифа) Таа е исклучително важна закана за САД на која треба да се внимава. Во оваа насока имам една молба. Ова е едно прашање за кое турската и американската влада може да соработуваат во насока на размена на разунавачки информации. Турција сеуште е членка на НАТО, и иако имаат некои сложни прашања со САД, да се заинтересираат за ова прашање е во корист на двете земји“, истакна Пособиек.
Тој рече дека не е сигурен дали американското разузнавање доволно го информира Трамп во врска со активностите на Антифа во регионот.
- Што е Антифа?
Името на движењето Антифа е скратена верзија на изразот „антифашист“, а за прв пат се појави во 1930-тите години во нацистичката Германија.
За опишување на оваа група се користат изрази како „левичари“, „антифашисти“ и „политички милитантски активисти“.
Ова движење почна да се организира кон крајот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите години во Средниот Западен регион на САД против неонацистите, додека со својата флексибилна структура се обиде да се зголеми во некои сојузни држави.
Движењето се спротивставува на нео-нацистички, нео-фашистички, и расистички движења.
Во почетокот на 2000-тите години извесно време се повлече од сцена, но откако Трамп дојде на претседателската функција повторно излезе на улици.
Антифа одржа протести во повеќе места во периодот кога се одржа церемонијата за полужување заклетва на Трамо во јануари 2017 година.
Поради насилните настани за време на демонстрациите одржани во повеќе градови по смртта на Флојд, Трамп ја обвини Антифа за овие настани, и истакна дека ова движење ќе го прогласи за „терористичка организација“.
news_share_descriptionsubscription_contact
