Турција

Турција: Протестот на мајките против терористичката ЈПГ/ПКК влезе во 76. ден

„Дете мое, избегај од терористичката организација ПКК и предај се на Турција“, порача тој. „Овде сме 76-ти ден, и ќе продолжиме со протестот ако треба и 76 години!“

Ali Murat Alhas  | 17.11.2019 - Обновена : 18.11.2019
Турција: Протестот на мајките против терористичката ЈПГ/ПКК влезе во 76. ден

ДИЈАРБАКИР (АА) - Протестот на десетици семејства во југоисточна Турција против терористите на ЈПГ/ПКК поврзани со опозициската Народна демократска партија денес влезе во 76-от ден, јавува Агенција Анадолија (АА).

Протестот започна во септември, кога мајката Февзије Четинкаја рече дека нејзиниот малолетен син бил присилно регрутиран од терористите на ЈПГ/ПКК со помош на членови на Демократската народна партија (HDP), партија која е поврзана со терористичката организација.

Оттогаш бројот на семејства што протестираат расте, барајќи враќање на нивните деца, кои, како што велат, биле измамени или киднапирани од терористите на ПКК.

Една од мајките, Неџибе Чифтчи, за АА изјави дека ќе продолжи со протестот сè додека не се врати нејзиниот син, кој бил киднапиран во 2014 година.

Таа додаде дека нејзиниот сопруг Сами Чифтчи е егзекутиран од терористите на ПКК во 2017 година поради неговата одлука да не ги поддржува.

„Не заминувам додека не го слушнам својот син“, вели таа.

„Мојот син треба да биде на училиште... сакаше да биде наставник или полицаец“, рече таа. „Ние сме родени под знамето на Турција, и ќе умреме тука“, додаде Чифтчи.

Јасин Каја, татко чија ќерка била киднапирана од ПКК во 2015 година кога имала 17 години, ги повика родителите кои се соочуваат со истата мака да се приклучат кон протестот.

Тој рече дека не ја чул ќерка си четири години, и не може да дознае ништо за нејзината судбина.

„Ќерка ми би ми рекла: „Сакам да бидам наставничка по турски јазик и литература“. Дете мое, избегај од терористичката организација ПКК и предај се на Турција“, порача тој. „Овде сме 76-ти ден, и ќе продолжиме со протестот ако треба и 76 години!“

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.