Турција

Операција на турски МИТ: Фатен терорист на ПКК/ЈПГ кој го изведе нападот во сириски Ал Баб

„Во операција на Турската разузнавачка служба (МИТ) фатен е терорист на ПКК/ЈПГ кој изведе терористички напад со возило бомба во Ал Баб, во кој загинаа 18 лица, а најмалку 30 лица се ранети“

Mehmet Tosun  | 17.11.2019 - Обновена : 18.11.2019
Операција на турски МИТ: Фатен терорист на ПКК/ЈПГ кој го изведе нападот во сириски Ал Баб

АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека турската Национална разузнавачка служба (МИТ) извела успешна операција и го фатила терористот на ЈПГ/ПКК, кој го изведе крвавиот бомбашки напад во сирискиот град Ал Баб, во кој животот го загубија 18 цивили, а повеќе од 30 се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА). 

Во соопштението на турското Министерство се наведува дека локалното население на Ал Баб денес протестирало поради вчерашниот терористички напад што се случи со активирање на експлозив поставен во автомобил на автобуската станица во тој град.

Извршителот на тој напад и член на терористичката организација ЈПГ/ПКК е фатен во операција изведена од турскиот МИТ.

Ал Баб по двегодишна окупација од терористите на ЈПГ/ПКК е ослободен во текот на операцијата „Штитот на Еуфрат“, која Турските вооружени сили и Слободната сириска војска ја изведоа во 2016 година. Оттогаш, градот е под контрола на опозициската Слободна сириска војска.

Постојана закана за цивилите во Ал Баб и понатаму претставуваат терористите на ЈПГ/ПКК, кои под окупација го држат подрачјето на Тел Рифат, сместено северозападно од Ал Баб.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.