Muhammed Ali Toruntay
17 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека припадниците на терористичката организација ПКК/ЈПГ од затвор во Тел Абјад, Сирија, ослободиле најмалку 800 терористи на ДЕАШ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека Турција е единствената земја земја членка на НАТО која непоколебливо се бори против ДЕАШ од самиот почеток.
„Турција е единствената членка на НАТО и коалицијата која гради во гради се бори против ДЕАШ на терен, и која во Сирија и Ирак неутрализираше најмалку 4.000 припадници на ДЕАШ. Од друга страна, терористичката организација ПКК/ЈПГ од затвор во Тел Абјад ослободи најмалку 800 припадници на ДЕАШ“, се наведува, меѓу останатото, во соопштението за продолжувањето на борбата против тероризмот.