Ahmet Furkan Mercan
08 Ноември 2019•Ажурирај: 09 Ноември 2019
АНКАРА (AA) - Во рамките на договорот од Сочи, турските и руските војници источно од Еуфрат ја одржаа третата заедничка копнена патрола, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на патролата во еден момент на турско воено возило се качи машко лице кое се обиде да ги испровоцира војниците, а подоцна се утврди дека се работи за терорист на ЈПГ/ПКК.
Приврзнаниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК во текот на денот вршеа пропаганда дека оклопното возило кое им припаѓаше на турските сили, кои со руската воена полиција извршуваа заедничка патрола, предизвика смрт на едно лице меѓу локалното население. Едно машко лице дури се качи на оклопното возило и се обиде да ја отвори вратата, но притоа падна.
Подоцна, на антитурските профили на социјалните мрежи е покрената кампања во врска со ова машко лице кое за себе тврдеше дека е цивил, но на достапните социјални мрежи постојат бројни докази дека тој всушност е терорист на ЈПГ/ПКК.
На една од фотографиите се гледа овој терорист, облечен во цивлна облека, со минофрлачки гранати кои се испалени на територијата на Турција. Ова лице на своите профили на социјалните мрежи има и фотографии во униформа на ЈПГ/ПКК.
Припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК, посебно во текот на операцијата „Извор на мирот", куќите им им припаѓааат на цивилното население ги користеа како бази за минофрлачки и ракетни напади на територијата на Турција.
Освен тоа, терористичката организација ЈПГ/ПКК црквите кои им припаѓаат на малцинските заедници ги претвораше во штабови и во нивните дворови поставуваше минофрлачи.