Muhammed Boztepe
14 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека тројца терористи на ПКК/ЈПГ се неутрализирани во регионот на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите командоси, херои, уште еднаш го спречија обидот за инфилтрација и напади на терористичката организација ПКК/ЈПГ во областа на операцијата „Извор на мирот“. Неутрализирани се 3 терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обидоа да се инфилтрираат во подрачјето на „Извор на мирот“, со цел да се наруши мирот и безбедноста во регионот“, се истакнува во соопштението на Министерството.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е нејзин сириски огранок.