Турската Црвена полумесечина продолжува со помошта во храна во Газа
- Турската Црвена полумесечина достави помош во храна за цивилите кои се борат да преживеат во опустошените населби во Појасот Газа

АНКАРА (АА) - Турската Црвена полумесечина достави помош во храна за цивилите кои се борат да преживеат во опустошените населби во Појасот Газа, известува Анадолу.
Турската Црвена полумесечина соопшти дека дополнително ги забрзале своите операции за хуманитарна помош со зголемениот сообраќај на камиони за помош и дека продолжуваат со своите активности за задоволување на основните потреби на луѓето во Газа.
Во тие рамки, пакети со храна биле дистрибуирани до семејствата кои немаат можност за задоволување на основните потреби поради конфликтот во градот.
Турската Црвена полумесечина, која ги продолжи своите активности за помош од почетокот на конфликтот во Газа, секојдневно доставува топли оброци до илјадници луѓе преку својата народна кујна.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.