Hasan Namlı
16 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
ДИЈАБАКИР (АА) - Во терористичкиот напад врз полициски тим извршен во близина на Универзитетот Диџле во Сур, во областа Дијарбакир, југоисточна Турција, загинаа тројца полицајци, а тројца се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
„Според првичните информации тројца полицајци загинаа и тројца се ранети, од кои двајца потешко. На семејствата и на нашиот народ им изразуваме сочувство, а на ранетите брзо закрепнување. Покрената е истрага со цел расветлување на овој злосторнички терористички напад. Борбата против тероризмот ќе биде одлучно продолжена”, се истакнува во соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Дијарбакир.
Импровизираната експлозивна направа која претходно на патот ја поставиле припадници на терористичката организација ПКК, е активирана во моментот кога на таа делница поминувало полициско возило кое превезувало припадници на специјалните единици.
Ранетите се префрлени во болницата на Медицинскиот факултет на Универзитетот Диџле.
Вршењето увид е во тек.