Ali Kemal Akan
16 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот на Турција, Нуман Куртулмуш, зборувајќи за терористичкиот напад во ноќниот клуб „Реина“, во Истанбул, изјави дека станува збор за планиран напад во кој учествувала и разузнавачка служба, јавува Anadolu Agency (AA)
Куртулмуш во интервју за турскиот медиум „A хабер“ зборуваше за борбата против тероризмот, уставните промени во Турција, економијата и за ситуацијата во Сирија.
Тој истакна дека терористичките организации што се борат против Турција можат да имаат различна ориентација, но дека целта им е иста, а тоа е да ја фрлат земјата на колена.
Заменик-премиерот на Турција истакна дека терористичките организации ПЈД-ПКК, ДЕАШ и ФЕТО се пиони и дека зад нив стојат вистинските играчи.
„Со помош на оваа маша настојуваат да ја спречат Турција да напредува на безбеден начин, настојуваат да ја соборат на колена. Станува збор за таква игра. Турција е единствената земја што може да се бори против играта што се игра на ова подрачје“, нагласи Куртулмуш.
Освен тоа, тој предупреди дека постои можност за здружување на терористичките организации против заедничкиот непријател – Турција.
Сепак, Куртулмуш нагласи дека како народ ќе се им спротивстават на сите овие организации, дека терористите ќе бидат поразени, и оти по одредено време нема ни да се сеќаваат на нивното име.
Зборувајќи за ситуацијата во Сирија, тој истакна дека веќе неколку месеци работи со Русија на тоа да се прошири договорот за прекин на огнот и да биде воспоставен мир во Сирија.
Резултатот на тие разговори е состанокот во Астана, кој претставува важен показател на успехот на Турција од аспект на политиката, кога станува збор за Сирија.
Куртулмуш зборуваше и за односите со Ирак, и додаде дека Турција со соседните земји брзо ќе развие пријателски односи.
„Изгледа дека нападот во ‘Реина’ е планиран напад и дека учествувала и крајно професионална разузнавачка служба, а не само една терористичка организација. Имаме многу приведени, многу уапсени. Се појавуваат информации за нападот. Колку што знам, малку побавно пристигнуваат информациите, но на крајот, нападот во ‘Реина’ ќе биде расветлен“, истакна Куртулмуш.