Emel Gözellik
14 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Во последните 24 часа во Индија од новиот вид на коронавирус, Ковид-19, починаа 311 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што јави телевизијата „NDTV“, Министерството за здравство на Индија соопштило дека во последните 24 часа во земјата биле регистрирани 11.929 нови случаи со Ковид-19.
Министерството истакува и дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 311 лица.
Според Министерството, вкупниот број на случаи на коронавирус во земјата достигнал 320.922, а бројот на починати 9.195.
Вирусот го победија вкупно 162.379 лица.
Според „Worldometer“, Индија во моментов е четврта земја во светот во според бројот на заразени со коронавирусот Ковид-19.