Almir Terzic
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
САРАЕВО (АА) - Според податоците објавени од Министерството за здравство на Словенија, во последните 24 часа регистрирани се пет позитивни лица на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во истиот период за Ковид-19 тестирани се 335 лица.
Хоспитализирани се 20 лица, на интензивна нега се наоѓаат три лица, а едно лице е отпуштено од болничко лекување во текот на изминатите 24 часа.
Во Словенија во последните 24 часа нема смртни случаи предизвикани од Ковид-19.