Muhammet Kurşun
27 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 15.912, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 212 лица.
Лари нагласи дека вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 15.912.
Таа информира дека во земјата дијагностицирани се уште 2.434 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на откриени случаи во земјата се зголеми на 293.606.
Според Лари, 3.189 од пациентите се наоѓаат во тешка состојба, додека во земјата излекувани се вкупно 255.144 лица.
Во земјата од почетокот на епидемијата направени се 2.353.532 тестирања за Ковид-19.