Barış Seçkin
27 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
РИМ (АА) – Во Медитеранот 95 илегални мигранти кои тргнале од Африка кон Европа чекаат да бидат спасени повеќе од 30 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Повиците за помош на мигрантите беа споделени од Твитер-профилот „Alarm Phone“, наведувајќи дека итно треба да бидат спасени 95 мигранти кои 33 часа бараат помош.
„Трговски брод од далечина ја следи ситуацијата без да пружа каква било помош. Уште колку време луѓето ќе страдаат и ќе бидат изложени на ризик од давење? Колку долго ќе можат да преживеат?“, се вели во објавата на Твитер.
- „Потребна е итна операција за спасување“ -
Портпаролот на Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации (IOM) за Италија, Флавио Ди Џакомо, на својот профил на Твитер споделувајќи ја објавата на „Alarm Phone“ напиша:
„Мигрантите на море чекаат да бидат спасени. Операцијата за спасување треба да се изврши веднаш, потребно е веднаш да се спасат. Да потсетиме дека овие чамци не се безбедни и не се погодни за крстарење, секој момент може да се појават проблеми.“
- Проблемите со миграцијата во Медитеранот -
Подачјето на Средоземното Море помеѓу Италија, Малта и Либија се издвојува како една од најчесто користените нерегуларни миграциски рути за премин од Африка во Европа во последните години.
Во летниот период, поради поволните временски услови на море, на соодветната рута миграциите се интензивираат.
На рутата во спасувачки активности вклучени се невладини организации од различни земји. Но невладините организации спасените мигранти не ги носат во Триполи, кој е најблиското пристаниште, со образложение дека таму постои кршење на човековите права и не е осигурана безбедноста на мигрантите.
Италија и Малта, тврдејќи дека немаат доволна солидарност од Европската Унија (ЕУ), одвреме навреме го забавуваат процесот на спасување и приемот на мигранти поради епидемијата на Ковид-19 и поради преголемиот број мигранти во центрите.