Ali Cura
27 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 13.354, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 818.120, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се уште 5.635 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани во Русија се зголеми на 818.120.
Во последните 24 часа од овој вирус починаа уште 85 лица. Со ова, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата порасна на 13.354.
Во Русија излекувани се уште 3.079 лица, со тоа бројот на излекувани од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 603.329.
Во последните 24 часа направени се 239.000 тестирања за Ковид-19, односно вкупно над 27.100.000.