Muhammed Boztepe
28 Јануари 2020•Ажурирај: 31 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Турција депортираше четворица странски терористички борци со потекло од Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за внатрешни работи на Турција.
Во соопштението се наведува дека продолжуваат процесите за депортирање на странските терористички борци во нивните матични земји.
„Во овие рамки, денес се депортирани четворица странски терористички борци со потекло од Франција“, се наведува во соопштението.