İsa Toprak
28 Јануари 2020•Ажурирај: 28 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 4,8 степени го погоди подрачјето на Киркагач во Маниса, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Дирекцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (АФАД), епицентарот на земјотресот со јачина од 4,8 степени кој се случи во 14:26 часот по локално време, бил во подрачјето на Киркагач.
Соопштено е дека земјотресот се случил на длабочина од околу 7 километри.