Jeyhun Aliyev
02 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 4,6 степени ја погоди турската западна област Маниса рано утрово, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД) соопшти дека земјотресот се случил во подрачјето на Акхисар, во 3:23 часот по полноќ по локално време, регистриран на длабочина од 6 километри.
По земјотресот во подрачјето се забележани голем број последователни потреси.
Нема информации за пријавени жртви.
Турција беше погодена од серија земјотреси од почетокот на 2020 година, како земјотресот со јачина од 5,4 степени кој на 22 јануари ја погоди Маниса, а во Анкара на 23 јануари беше регистриран земјотрес со јачина од 4,5 степени.
Најсилниот земјотрес се случи минатиот петок, кога источната турска област Елазиг беше погодена со земјотрес со јачина од 6,8 степени, што доведе до смрт на 41 лице и 1.600 повредени. Земјотресот се почувствува и во соседните земји, меѓу кои и во Грузија и Сирија.