Muhammet Kurşun
27 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
ТЕХЕРАН
Земјотрес со јачина од 5 степени ја потресе иранската јужна покраина Хормозган, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за сеизмологија при Универзитетот во Техеран.
Се вели дека епицентарот на земјотресот бил во Бендер Абас, централен град во покраината Хормозган.
Како што се наведува во ова соопштение, земјотресот се случил во 11:01 часот по локално време.
Според соопштеното, овој земјотресот со интензитет од 5 степени се случил на длабочина од 15 километри.
Сѐ уште нема информации за евентуални човечки жртви или материјална штета предизвикани од земјотресот.