Mustafa Melih Ahıshalı
25 Септември 2017•Ажурирај: 25 Септември 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Поради нелегалниот референдум во северниот дел на Ирак, иранските власти ги затворија сите гранични премини на границата со Курдската регионална управа во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ја поддржуваме територијалната целовитост на Ирак. По барање на Владата на Ирак, го затворивме воздушниот простор и копнените граници кон Курдската регионална управа“, е денешната изјава дадена во Техеран, на Бехерам Касими, портпарол на Министерството за надворешни работи на Иран.
Запрашан од новинарите за тоа кои мерки Иран ќе ги преземе во следниот период, Касими рече дека за тоа ќе зборува во друга пригода.
Иранскиот совет за национална безбедност вчера објави дека Иран го затвори воздушниот простор кон Курдската регионална управа во северен Ирак.
Претседателот на Курдската управа во северен Ирак, Месуд Барзани, на 7 јуни распиша референдум за независност на тој регион и започна со гласањето.
Во меѓувреме, Владата, Собранието и Уставниот суд на Ирак забранија да се одржи тој референдум, а за неприфатлив го оценија и соседна Турција и Иран, како и целата меѓународна заедница, со исклучок на Израел.