Haydar Şahin
28 Ноември 2024•Ажурирај: 02 Декември 2024
Бригадниот генерал Кејумерс Пурхашими, еден од командантите на Армијата на иранската револуционерна гарда, загинал во нападот што го изврши сириската опозиција на западниот дел на Алепо, известува Анадолу.
Според веста на иранската полуофицијална новинска агенција Тасним, која е позната и по својата блискост со Армијата на Револуционерната гарда, бригадниот генерал Пурхашими, кој беше опишан како воен советник, загинал во нападот на сириската опозиција во близина на Алепо.
Во веста не се дадени детали за воените должности на Пурхашими.
Веќе 2 дена има судири меѓу режимот на Башар Ал Асад и антирежимската вооружена група Хајат Тахрир ел Шам (ХТС) во сириските провинции Алепо и Идлиб.
Антирежимските групи за време на судирите освоиле вкупно 39 села под контрола на режимот на Асад.