Ömer Koparan,Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
28 Ноември 2024•Ажурирај: 29 Ноември 2024
ИДЛИБ (АА)
Судирите меѓу режимот на Башар Ал Асад и антирежимската вооружена група Хајат Тахрир ел Шам продолжуваат во сириските провинции Алепо и Идлиб, известува Анадолу.
Судирите најпрвин започнаа во западните села на провинцијата Алепо вчера рано наутро и продолжија во текот на денот.
Вооружените групи, кои вчера презедоа контрола врз 32 села и точки на западниот дел на Алепо, денеска зазедоа уште 10 села.
Антирежимските групи, кои дојдоа на 3 километри од центарот на градот Алепо и презедоа контрола над површина од 320 квадратни километри, во раните утрински часови со беспилотни летала го нападнаа и воениот аеродром Нејрап во Алепо и уништија хеликоптер.
Како што продолжува конфликтот, режимот на Асад ги таргетираше цивилните населби, напаѓајќи ги со гранати земја - земја.
- Заробени десетици режимски војници
Антирежимската вооружена група Хајат Тахрир ел Шам заплени тешко оружје и воени возила на режимот на Асад во регионите над кои ја презеде контролата. Во судирите загинаа многу војници на режимот, а заробени се и десетици режимски војници од страна на група Хајат Тахрир ел Шам.
Приближно 10.000 цивили кои избегаа од конфликтите во регионот се засолнија во руралните предели на Идлиб.
Судирите продолжуваат и се интензивираат, насочувајќи се кон центарот на градот Алепо.
- Хајат Тахрир ел Шам зазеде 6 села на источно од Идлиб
Поради судирите кои продолжуваат со зголемување на интензитетот, утринава се формираа нови фронтови.
Судирите започнаа во утринските часови во регионот Серакип, кој се наоѓа на истокот на провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на земјата.
Антирежимските групи ги зазедоа селата Тримбе, Дадих, Кефербатих, Кубас, Шабур и Мардих, кои беа под контрола на режимот на Асад.