Mehmet Burak Karacaoğlu,Ömer Koparan
29 Ноември 2024•Ажурирај: 29 Ноември 2024
АЛЕПО (АА) - Антирежимските групи кои се судрија со силите на режимот на Башар ал Асад пристигнаа на еден километар од предградието на градот Алепо, известува Анадолу.
Судирите најпрво избија во западниот дел на провинцијата Алепо во средата рано наутро.
Во дводневните судири со силите на режимот на Асад во провинциите Алепо и Идлиб, антирежимските групи ја презедоа контролата над површина од 400 квадратни километри.
Антирежимските групи се доближија до областа Нов Алепо, едно од предградијата на Алепо, по судирите кои продолжија и во текот на ноќта. Така, вооружените групи пристигнале на еден километар од периферијата на градот Алепо.
По дводневен конфликт, антирежимските групи презедоа контрола врз 56 населени места во Алепо и Идлиб.