Ekipa
25 Септември 2017•Ажурирај: 26 Септември 2017
ТОКИО (АА) - Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, рече дека ќе поднесе оставка ако неговата партија не успее да го добие мнозинството на предвремените избори на 22. октомври, пренесува Anadolu Agency (AA).
Абе денес објави дека в четврток ќе го распушти Долниот дом на Парламентот и ќе ги распише предвремените избори.
За да остане премиер, Абе истакна дека неговата цел е да освои најмалку 233 места, или мнозинството во Домот, кој брои 475 места.
Либералната демократска партија на јапонскиот премиер Шинзо Абе, со коалицискиот партнер, партијата Комеј, моментално имаат две третини од парламентарните места во Долниот дом на парламентот.