свет, Коронавирус

Во Иран во последните 24 часа починаа 252 лица од Ковид-19

Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 252 лица

Muhammet Kurşun  | 18.10.2020 - Обновена : 19.10.2020
Во Иран во последните 24 часа починаа 252 лица од Ковид-19

ТЕХЕРАН

Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 30.370, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 252 лица.

Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 30.370.

Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 3.890 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 530.380.

Според Лари, 4.744 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 427.400 лица.

Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 4.511.154 тестирања за Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın