Ali Cura
31 Јули 2020•Ажурирај: 02 Август 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 13.963, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 839.981, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се уште 5.482 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 839.981.
Во последните 24 часа од овој вирус починаа уште 161 лице. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 13.963.
Во Русија излекувани се уште 8.755 лица, додека вкупната бројка на излекувани од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 638.410.
Досега во Русија направени се над 28 милиони и 100 илјади тестирања за Ковид-19.