Dmitri Chirciu,Ali Cura
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
МОСКВА
Русија потврди дека во последните 24 часа се детектирани 10.102 лица новозаразени од новиот тип на коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на лица позитивни на тестот се 155.370, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот тим за итни случаи објави дека бројот на смртни случаи во Русија е зголемен на 1.451 бидејќи во последното деноноќие од последици предизвикани од Ковид-19 животот го загубиле 95 лица. Во соопштението се вели декавкупниот број на оздравени лица изнесува 19.865, додека 222.500 пациенти се наоѓаат под медицински надзор.
Во земјата досега се изработени 4,4 милиони тестови, со цел во раната фаза на пандемијата да се откријат заразените со Ковид-19.
Москва и понатака е најтешко погодено подрачје во земјата, со регистрирани 5.714новозаразени, што е повеќе од половината детектирани случаи последните 24 часа во цела Русија. Притоа 90% од пациентите се помлади од 65 години.
За да го спречи ширењето на Ковид-19, Русија ги затвори границите и го запре меѓународниот воздухопловен и железнички сообраќај. неколку градови, вклучувајќи ги тука Москва и Санкт Петерсбург стевени се под блокада. Луѓето можат да се движат меѓу градовите само со посегни дигитални дозволи што ги израва власта.
Според зборовите на рускиот министер за здравство Микхаил Мурашка, рестриктивните мерки ќе останат во сила се додека не биде пронајдена вакцина, што се очекува да биде наесен.
Три високорангирани руски официјални лица, меѓу кои и премиерот Микхаил Мишустин хоспитализирани се минатата недела бидејќи биле позитивни на Ковид-19.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11. март прогласи „глобална пандемија“ поради ширењето на коронавирусот. Исто така СЗО Европа и САД ги прогласи за нови епицентри на заразата.
Досега во светот од заразеност со Ковид-19 починаа повеќе од 253.000 лица, а вирусот е детектиран кај над 3.673.000 лица, а повеќе од 1.211.000 оздравеле.