Dmitri Chirciu
22 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 25.242, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.463.306, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 15.971 нов случај на вирусот.
Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.463.306.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 290 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 25.242.
Оздравеа уште 11.428 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.107.988 лица.
Во Русија направени се над 55,6 милион тестирања за Ковид-19.