свет, Коронавирус

Во светот со Ковид-19 заразени повеќе од 41,49 милиони луѓе

Заразени се 41.494.827 лица, додека досега вирусот го прележале 30.917.498 лица

Nuri Aydın, Muhammet Tarhan  | 22.10.2020 - Обновена : 22.10.2020
Во светот со Ковид-19 заразени повеќе од 41,49 милиони луѓе

АНКАРА (АА) - Со новиот тип коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан, а за кратко се прошири во целиот свет, се заразени речиси 41,5 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Податоците достапни на „Worldometer“ покажуваат дека од последиците на вирусот во светот починале 1.136.463 лица.

Заразени се 41.494.827 лица, додека досега вирусот го прележале 30.917.498 лица.

Активни се 9.366.711 случаи.

Најмногу случаи на заразени и починати се потврдени во Соединетите Американски Држави (САД). Во САД вирусот е потврден кај 8.584.850, додека од последиците на вирусот починаа 227.409 лица.

Земји со повеќе од 500.000 заразени, покрај САД се Индија (7.706.946), Бразил (5.300.649), Русија (1.447.335), Шпанија (1.046.641), Аргентина (1.037.325), Колумбија (981.700), Франција (957.421), Перу (878.885), Мексико (867.559), Велика Британија (789.229), Јужноафриканска Република (708.359) и Иран (545.286).

Земји со повеќе од 20.000 смртни случаи се Бразил (155.459), Индија (116.653), Мексико (87.415), Велика Британија (44.158), Италија (36.832), Шпанија (34.366), Франција (34.048), Перу (33.937), Иран (31.346), Колумбија (29.464), Аргентина (27.519) и Русија (24.952).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın